9.8 C
Скопје
10:23 - 11 март, 2026

ГРУЗИСКАТА ШАХИСТКА ГО ТУЖИ „НЕТФЛИКС“: Била погрешно прикажана во серијата

Грузиската шаховска шампионка Нона Гаприндашвили поднела тужба против американската продуцентска куќа „Netflix“ и тврди дека таа била погрешно прикажана во серијата „The Queen’s Gambit“.

„Во една од епизодите во кои беше прикажана во 1968 година, коментаторот наведува дека шахистката Нона Гапринадшвили никогаш не играла против мажи, и тоа не е точно“, посочила адвокатката Маја Мцаријашвили, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Адвокатката вели дека нејзината работа на тужбата започнала веднаш по прикажувањето на телевизиската серија.

Тужбата била поднесена до Сојузниот окружен суд во Лос Анџелес, а во истата било наведено дека до 1968 година, Гаприндашвили, која била првата жена со статус на меѓународен велемајстор, играла шах со најмалку 59 мажи.

80-годишната Гаприндашвили сега бара отштета од 5 милиони долари и отстранување на тој дел од серијата дека никогаш не играла против мажи.

Во тужбата се посочува и дека таа се чувствува навредена бидејќи „Netflix“ ја опишува во серијата како руска шахистка.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....