11.8 C
Скопје
16:20 - 30 март, 2026

(Видео) Ѓорѓе Давид останува во Македонија додека процедурата трае, еве каде престојува: „Ми ги зедоа документите, чекаат да дадам уште една изјава“

Ѓорѓе Давид, музичар и член на жирито на „Ѕвезде Гранда“ вчера беше учесник во верижна несреќа во Македонија, кога со својот автомобил на автопат „покосил“ жена, која од ударот починала.

Како што пишуваше српски „Гранд“, иако не се смета за виновен, рокерот засега не смее да ја напушта Македонија додека не се испочитуваат законските процедури.

-Од обвинителството од Куманово ми рекоа дека немам никаква вина во овој случај. Наводно, виновна е девојката која возела и ја предизвикала несреќата. Се чека натамошна истрага и извештај, а до понатамошниот извештај ќе бидам во Скопје. Ми ги земаа документите, чекаат да дадам уште една изјава. Сега дали ќе биде денес или утре, не знам. Моментално сум во хотел и ќе останам овде до понатамошното известување. Поради процедурите морам да бидам тука, кога се ќе се испочитува, се надевам дека ќе ми дозволат да си одам дома – изјави Ѓорѓе за Гранд.

На Ѓорѓе му било извршено и тестирање за да се утврди дека не бил во алкохолизирана состојба, ниту под дејство на недозволени супстанци.

– Ми земаа урина и крв да видат дали имам некакви супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена – рече Ѓорѓе и откри дека е полесно повреден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....