16:53 - 1 април, 2026

Ѓоковиќ за „Ла Стампа“: Слободата на говорот е само илузија, ме направивте лош човек!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа,“ зборуваше за анти-кампањата која се водеше против него само затоа што не сакаше да се вакцинира и дека тоа се уште го мачи.

Познато е дека Новак ја организираше вакцинацијата во Белград на „Србија опен“ за сите што сакаа, им овозможи на странските новинари, тенисери и тренери да ја добијат посакуваната вакцина, но беше етикетиран само затоа што самиот не сакаше да се вакцинира. .

Тој им зборуваше на Италијанците за тоа како сето тоа влијаело на него.

– Знам дека понекогаш луѓето мислат дека се залажувам себеси, дека правам одредени работи затоа што сакам да бидам сакан. Не е така, само сакам да бидам свој, единствен. Тоа е нешто што денес се губи. Не може секому да му се допадне, но ако имаме политичка коректност, тогаш претпоставувам дека можеме да ги изразиме нашите идеи со почит, без омраза, со слобода. Слободата на говор денес е само илузија според мене – изјави Ѓоковиќ.

Тој додаде дека само ја изразил слободата сам да одлучам што да прави со своето тело.

– И одеднаш ме етикетираа како антиваксер, што не сум. Ако не припаѓате на општиот начин на размислување, брзо станувате лош човек. И тоа не е добро – изјави Новак.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....