8.8 C
Скопје
01:26 - 18 октомври, 2026

Годинашниов Евросонг ќе го отвори голема музичка ѕвезда со 55 милиони продадени плочи

Германскиот весник BILD објави дека Вики Леандрос ќе се врати во Виена речиси шест децении по своето прво учество на Евровизија. Пејачката со грчко потекло е добро позната во рамки на Евровизија, има два настапи за Луксембург. Продала повеќе од 55 милиони плочи (албуми и синглови), снимила бројни албуми на повеќе светски јазици и се смета за една од најуспешните учеснички во историјата на овој фестивал.

Нејзиниот прв настап беше во 1967 година во Виена со песната L’amour est bleu, и тогаш го освои четвртото место со 17 поени. Подоцна, Леандрос стана третата победничка за Луксембург на Евровизија во 1972 година со песната Après toi, освојувајќи 128 поени.

Германскиот весник наведува дека таа ќе ја изведе L’amour est bleu во нов аранжман.

„Многу сум среќна што се враќам во Виена, каде што сè започна со моето прво учество на Евровизија со ‘L’amour est bleu’!“, рече Вики за БИЛД.

Двете полуфиналиња се закажани за 12 и 14 мај, додека големото финале ќе се одржи на 16 мај.

Натпреварот ќе се одржи во Wiener Stadthalle, истата сала користена во 2015 година, која може да прими до 16.000 гледачи.

70-тото издание на Eurovision Song Contest ќе се одржи во Виена на 12, 14 и 16 мај 2026 година.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....