14:14 - 19 ноември, 2026

Гоца Тржан со емотивна порака до 14 години помладиот сопруг: „Љубовта е слобода, не е жртва“

Пејачката Гоца Тржан 11 години ужива во хармонична љубов со сопругот Раша Новаковиќ со кој стапи во врска по разводот со Иван Маринковиќ. Нивниот брак трае веќе седум години, а Гоца често истакнува колку е среќна што нашла партнер кој ја прифаќа токму таква каква што е, како и нејзината ќерка Лена, за која Раша внимателно се грижи како за свое дете. Инаку, Раша е помлад од Гоца цели 14 години.

Гоца истакнува дека Раша е многу заштитнички татко и дека многу внимателно ја чува Лена. Пејачката истакнува дека Раша е човек кој знае да балансира меѓу двете, особено кога ситуацијата ќе излезе од контрола.

– Тој е многу посесивен и заштитнички татко. Веднаш штом таа спомне момче, тој веднаш се ежи, а јас му велам: ‘Аман човече пушти ја’. Раша е човек кој знае многу добро да балансира меѓу нас двете, особено кога и двете ќе ‘пошизиме’  – изјави Гоца, која и јавно посака сите да најдат сродна душа како неа.

– Ви посакувам на сите барем еднаш во животот да сакате некого без очекувања, без срам, да можете да бидете вистински и свои, а сепак, сакани. Љубовта е слобода, не е жртва. Љубовта е трка на долги патеки, не е спринт. Љубовта е посветеност, не е толеранција. Те сакам Радомир Новаковиќ – му порача Гоца на својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Гоца Тржан на удар на социјалните мрежи за „глупоста што ја истреска“:„Некогаш не се плаќаше, сестрата на сестра си ѝ раѓаше дете“

Слични објави

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.
Се вчитува....