32.8 C
Скопје
15:27 - 18 август, 2026

Гоца Тржан денеска го слави 52-от роденден, а прв јавно ѝ честиташе поранешниот сопруг Иван Маринковиќ

Српската пејачка Гота Тржан денеска го слави роденденот, а малкумина знаат колку години има пејачката. Таа денеска го слави 52-от роденден, а првата честитка пристигна од нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ, кој во моментот учествува во реалното шоу „Елита“.

Гоца Тржан изгледа беспрекорно, и како што еднаш истакнала, морала да се откаже од некои работи. Пејачката постојано нагласува дека е голем гурман и дека сака да поминува време во кујната и да пробува нови рецепти, но морала да направи некои промени во исхраната за да нема проблем со вишокот килограми.

– Без разлика колку и да ослабам, ми останува тоа долно стомаче, па го вовлекувам навнатре кога позирам, па го стегам, па го местам… но што да правам, го имам, мој е, по породувањето малку и се зголеми, но научив да го сакам – рекла Гоца.

За нејзиниот изглед е заслужен и тренингот, а еднаш споделила како изгледа нејзината исхрана.

– Јадам двапати на ден, како некоја птичка. Порциите и залаците ми се мали, се трудам да не прејадувам. Ако тоа понекогаш се случи, се знае што ми следува. Следниот ден гладувам и напорно вежбам.

Гоца ги исфрлила лебот и печивата од исхраната, иако ги обожава.

– Избегнувам леб, многу сакам леб и сè што е поврзано со тесто, но морам да се држам настрана од такви работи. Ги обожавам кифлите, печивата, но не можам да ги јадам и свесна сум за тоа. Тоа е најопасно за мене, за мојот организам и за тежината. Кога ќе одберам да јадам тесто, сама месам сè и тоа не ме потекува. Не е проблематично како купеното. Сама правам пица, го замесувам тестото на подлога и додавам состојки за кои знам дека се нискокалорични – рекла Гоца.

Исто така, се труди да не јаде слатки.

– Избегнувам слатки, но сепак не можам да одолеам на сладолед. Човек понекогаш мора да си угоди и да биде среќен. Сите сме живи луѓе и сакаме да го прекршиме здравиот режим на исхрана – рекла своевремено поп-пејачката и додала дека кога сака да се заслади, зема путер од кикирики и мед.

Инаку, нејзиниот поранешен сопруг, Иван Маринковиќ, јавно да ѝ честиташе роденденот пред камерите.

„Денес е осми јули, 52-ри роденден на Гордана Тржан, мојата поранешна сопруга, мајка на моето прво дете. Среќен 52-ри роденден Гоцо Тржан“, гласеше пораката на Маринковиќ.

 

Слични објави

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо
Се вчитува....