19:01 - 6 ноември, 2026

Го однесе синот на посебно место за неа: Едина Муса објави ретка слика

Слика со својот син на местото каде што пораснала објави кошаркарката и фитнес тренер Едина Муса.

-Во салата кај што мама буквално порасна. Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“, напиша Едина до сликата со синот во СРЦ „Кале“.

Фото / Инстаграм

Поранешната кошаркарка и фитнес тренер стана мајка на 19 февруари. Таа се породи на Државната клиника во Скопје.

Едина роди син, за кого со сопругот Александар Димитровски – Мачка, го избраа името Максим. Името е со латинско потекло (Maximus), а значи „голем, велик“.

Двојката не направи забава за откривање на полот, туку Едина објави фотка на Инстаграм, на која седи на фризер, па напиша: „Мајка му на Максим“.

-Откако го добив Максим, можам да кажам дека се чувствувам спокојна, исполнета и бескрајно благодарна на Бога. Најголемата желба во мојот живот беше токму тоа – да станам мајка“, рече Едина во интервју за „Слободен Печат“.

Таа во ноември во 2024 се омажи за Александар Димиторвски-Мачка, поранешниот сопруг на пејачката Тамара Тодевска со која тој има две деца.

Фото / Инстаграм

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....