Ѓина Џиновиќ јавно ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина, а со емотивните зборови што ѝ ги посвети ги разнежни следбениците на социјалните мрежи.
Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ сподели заедничка фотографија со мајка си од едно патување, со порака исполнета со љубов и благодарност.
Џина истакна дека Мелина е нејзината најголема поддршка и животен пример, а од ден на ден е сè погорда на неа.
Нејзината честитка ја пренесуваме во целост:
„Драга моја мајкич, денес е мојот омилен ден во годината – денот кога си се родила ти.
Ти си толку храбра и силна жена што ти се восхитувам од ден на ден. Колку што сум постара, сè повеќе сфаќам колку си извонредна жена. И колку повеќе созревам, толку погорда сум што токму тебе можам да те наречам мајка…

Не постојат зборови со кои би можела да опишам колку те сакам, колку ти се восхитувам и колку сум му благодарна на Бога што токму тебе ми те подари. Ти си мојата најголема поддршка, мојата сигурност, мојот пример и личноста од која секој ден учам што значи да се биде достоинствена, добра и исполнета со љубов!
Ако еден ден бидам барем половина од жената што си ти, ќе знам дека сум успеала во животот… Ти посакувам во годините што доаѓаат да ја добиеш сета онаа љубов, нежност, мир и среќа што несебично им ги подаруваш на сите околу себе. Да се смееш што повеќе, да се грижиш што помалку и никогаш да не заборавиш колку си сакана…
А јас ќе се трудам секој ден да имаш уште една причина да бидеш горда на мене. Среќен роденден, моја најубава и најсакана мајкич!
Ти благодарам што токму ти си моја мајка и што низ животот имам привилегија да чекорам покрај тебе… Мајкич моја, те сакам најмногу на целиот свет“, напишала таа на Инстаграм.
