16:01 - 9 ноември, 2026

Гимназијата „Алгоритам“ одбележува 15 години од основањето со претставата „Приказнологија“

Во објектот на македонската Филхармонија на малата сцена, на 25 април (вторник), со почеток од 19.30 часот, ќе се одржи пригоден настан подготвен од сегашни и поранешни ученици во гимназијата „Алгоритам“, каде што ќе може да се проследи премиерата на претставата „Приказнологија“, подготвена по сценарио и во режија на поранешен ученик на Гимназија „Алгоритам“, Никола Симоноски, а под менторство на професорот Горан Станикевски-Горјански.

Настанот се организира по повод прославата на 15-годишнината на Гимназија „Алгоритам“. Станува збор за првата гимназија во нашата земја во којашто од самото основање целиот наставен материјал е во дигитална форма. Се користи финска методологија во наставата т.е. демократичност при изведување на наставата, транспарентност, постојана комуникација со родители, работа во мали групи, индивидуален пристап, насочување и практични знаења ‒ што дава одлични резултати коишто се потврдуваат веќе 15 години.

 

За заложбите и успесите на учениците и наставниот кадар на „Алгоритам“, говорат досега освоените над 900 награди на домашни и меѓународни натпревари, како и бројката на над 300 реализирани проекти. Само во текот на оваа учебна година учениците на „Алгоритам“ освоија над 50 награди во различни области, меѓу кои и математика, биологија, англиски јазик.

На настанот по повод одбележување на 15-годишнината ќе се доделат признанија за учениците кои оваа година постигаа значајни успеси, меѓу кои и две ученички кои ќе го претставуваат „Алгоритам“ на Светската олимпијада по биологија во Дубаи.

Воедно, ќе има можност да се проследи премиерата на претставата „Приказнологија“, по сценарио и во режија на поранешен ученик на Гимназија „Алгоритам“, Никола Симоноски, а под менторство на професорот Горан Станикевски-Горјански. Во претставата учествуваат сегашни и поранешни членови на драмската секција на Гимназија „Алгоритам“.

 

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....