03:20 - 7 ноември, 2026

„Ги кријам брчките на лицето и колениците кои ме болат, ама уште се смеам“: Се огласи Маријана од Австралија со оваа приказна

Повеќе од 30 години во Австралија живее Маријана Новачевска, една половина од дуото Маријана и Росана. Близначките повторно беа една до друга во 2023 година, и во преполн скопски клуб пред публиката ја пееја безвременската „Признавам“ и други хитови.

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац беа „виновници“ за ова нивно сценско обединување.Росана веќе неколку години соработува и повремено пее со познатото дуо, но таа вечер за првпат, им гостуваше со својата сестра Маријана која оттогаш не била во Македонија.

Оние кои беа блиску до сцената им фрлаа салфети, па Дац се пошегува дека би требало и пари да има внатре. Инакиу, Маријана во Мелбурн работи како стоматолог, и се грижи за нејзината внука Ива. Нејзината снаа, сопругата на синот Филип, Анастасиа, на Велигден во 2020, токму во време на пандемијата ја роди првата внука на Маријана и на покојниот Тоде Новачевски.

Инаку, Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателкја, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријана изгледа како да е уште во цутот на младоста, според новата слика која ја објави на нејзиниот Фејсбук профил. Се гледа дека ведриот и младешки дух не ја напуштил, а тоа ѝ помага да изгледа убаво. По многуте пофалби за изгледот, Маријана напиша:

„Луѓе мои, луѓе добри. Ви благодарам за комплиментите. Се плашам да не ме урочите, пу,пу.  Да ве потсетам не верувајте многу на нештата кога ке видите. На сликата немам филтер, ниту јазикот ми е филтриран .

Признавам дека од далеку сум сликана, покриена од глава до пета, нашминкана кобајаги да си ги сокријам брчките на лицето, рацете во џеп отечени , не се гледа ниту кичмата а ниту колениците кои успешно ме болат, тро малку коса на главата останата , коските можеби и не се мои повеќе ама,  сѐ уште жива, насмеана и позитивна.

За болките, отеклините, вишок на некое кило немам платено ниту еден дена, сами си дојдоа непоканети. Јас вака искривена а покриена на сите ви праќам гушки и бакнежи“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....