13:19 - 25 февруари, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВО БУКОВО ПО БУКОВСКА ПИПЕР: На гости кај Даниела Мандровска

даниела мандровкса буковска пипер

На прв поглед селото Буково не личи на ниедно друго село. Кога чекорите низ него, многу е поверојатно да ве потсети на град од дваесеттите години на минатиот век или на некоја сценографија од адаптираните серии по романите на Мир-Јам. Но Буково, иако нетипично, е посветено на најголемата наша љубов – ПИПЕРКАТА.

Низ својата историја, селото ја негува и усовршува уметноста на правење пипер.

Во Буково разговаравме со Даниела Мандровска за производството на буковска пипер. 

Што ве инспирираше да правите пипер? Спомнавте дека семето е старо над 100 години. Дали ја наследивте традицијата и колку време сте во Буково?

– Производството на буковска пипер е процес кој започнал пред неколку векови и кој сè уште трае. Тоа е традиција која со гордост ја прифативме од нашите предци и со радост продолжуваме да ја афирмираме, бидејќи живееме во Буково, тоа е наше родно место и неизбежно е да немаме љубов кон изработката на буковската пипер.

фото: приватна архива

Како изгледа процесот на правење пипер?

– Приготвувањето започнува на есен. Додека сè уште времето е топло, црвените пиперки во низи се сушат надвор, на отворено. Кога започнува зимскиот период, во ноември, пиперките се носат во сушница. Тоа е мала просторија каде гори мала печка и тука се досушуваат пиперките на температура од 60 до 80 C во период од една до две недели. Потоа пиперките се „грушат” па се толчат со посебни алатки како дрвено кутле и ќускија.

Дали има заинтересираност за производот на нашиот пазар, па и во странство? И колку имате капацитет да произведете?

– Со оглед на тоа дека во последните години свеста за конзумирање на органска храна кај луѓето е на се повисоко ниво, интерсот за нашиот производ постојано се зголемува. Моментално не располагаме со огромни количини бидејќи се изработува рачно и процеост трае подолго. Капацитетот е околу 150 до 200 килограми годишно.

фото: приватна архива

Кој ви е омилен рецепт што ја става во фокус посебноста на буковската пипер?

– Сите традиционални македонски јадења ја содржат буковската пипер, но како посебни би ги издвоиле тавче гравче и свирипиле.

фото: приватна архива

За крај, што се јаде повеќе, лута пипер или блага?

– Во зависност од вкусовите на луѓето, подеднакво се конзумира и лута и нелута пипер.

 

фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива

Слични објави

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо
Се вчитува....