14:56 - 1 април, 2026

(Фото) Ѕирнете во њујоршкиот дом на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс кој е на продажба: Ќе живеат на Бермудите

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ја продаваат својата вила во Њујорк, а агенцијата за недвижности објави фотографии од луксузниот ентериер.

Foto: Compass Real Estate

Претходно овој месец, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас објавија дека нивната куќа покрај реката во приградското село Ирвингтон во округот Вестчестер, Њујорк, е на продажба за 12 милиони долари.

Сместена северно од Њујорк и свртена кон реката Хадсон, куќата има четири ката, осум спални соби и 12 бањи.

На првиот кат има затворен базен, теретана и просторија за рекреација. Голема дневна соба, салон, работна соба, семејна соба и кујна се исто така меѓу просториите што ги има вилата.

Кујната е направена во стил на селска куќа, со ѕидови со бели плочки, мермерни површини, уреди од Miele и златни детали. Двокатната библиотека е обложена со дрвени плочи и има камин на дрва направен од црни тули, како и француски прозорци со кружен врв.
Двојката, која се венча во 2000 година, го купи замокот за 4,5 милиони долари во 2019 година, го реновираа но ги ги зачуваа нејзините оригинални карактеристики од 1920-тите.

„Кога го купив нашиот дом во Ирвингтон, знаев дека нашето семејство ќе сподели многу среќни времиња овде, а ние навистина ги имаме“, изјави актерката за The Wall Street Journal.

Парот поседува недвижен имот ширум светот, а вилата одлучиле да ја продадат бидејќи, како што велат, поминуваат повеќе време на Бермуди и во Европа.

 

 

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....