20.6 C
Скопје
03:09 - 22 јуни, 2026

(Фото) Модата и филмот тема на годишната ревија на институтот „Изет Цури“

Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“.

Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и филмот“ (фр. „La Mode au Cinéma“) и се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата.

Беше тоа несекојдневна, необична и посебна презентација на линијата помеѓу модна ревија и своевиден перформанс. Моден спектал кој ги надминува рамките на стандардна студенска ревија, онаков на какви се сеќаваме од златните времиња на модата во Македонија.

Студентите добија задача со своите дизајни да реферираат, од идеја до комплетна изведба, по еден изглед од одреден филм по нивен избор. Различните избори резултираа со разнолики решенија од кои, некои се движеа во рамките на костимографијата, додека други се одлучија за сопствен имагинативен превод со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување.

Од „Breakfast at Tiffany’s“ и „Cleopatra“, преку „Matrix“, „Lord of the Rings“, „Titanic“ и „Harry Potter“, па сè до неодамнешните „Black Panther“ и „Damsel“, од цртани и анимирани филмови до акциони и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени проектирани на филмското платно без сомнеж скоро секој од присутните беше допрен од емоцијата која омилениот филм неминовно ја буди.

Доживувањето на гостите беше збогатено и со настапот на нашата извонредна Калина Велковска, во улогата на Satine од „Moulin Rouge“ и фантастичната Дана Сиљан со двеминутен настап со меч во улогата на Зоро од „Mask of Zorro“.

Беа реализирани 32 дизајни кои градираа од прва па се до четврта година како и четири од професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов.

Уметноста на модата ја чинат креативноста, иновациите, храбрата и смела визија, занаетчиството, вниманието на деталите. Тоа е она што ја дефинира модата и кое секој студент по моден дизајн би треба да го апсолвира. Токму тоа беше она кое со своите дела го испорачаа студентите на љубопитната и бројна публика на спектаклот „Модата и филмот“ која уживаше во посебното доживување.

Завршетокот на учебната година се заокружи со изложбата на истите дизајни поставени во галерискиот простор на Кинотеката на Македонија која траеше од 27 до 29 јуни во соработка со универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“ и Кинотеката на Македонија.

 

Слични објави

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.

Мајката на Нина Бадриќ со коментар за Јаков Јозиновиќ: „Не можеш ни да замислиш што му значи ова…“

E.A.

„Најгорда сум на светот“: Јована Јеремиќ влезе во рингот кај Тигарот и му посвети емотивна порака

E.A.
Се вчитува....