9.8 C
Скопје
12:22 - 31 март, 2026

(Фото) Зендаја кралица во тигарски изглед, Сара Полсон со љубовницата: На ревијата на Луј Витон парада на славни личности

Есенско-зимската колекција на Луј Витон беше прикажана во понеделникот во салонот за танцување Musée d’Orsay во Париз. Модниот настан од висок профил собра огромен број познати личности.

На претпоследниот ден од Модната недела, главниот град на Франција го посети новата амбасадорка на Луј Витон Зендаја во тигарски тотален изглед, составен од микро шорцеви, кратка јакна и високи чизми.

Меѓу гостите беа и Сара Полсон со нејзината сакана Холанд Тејлор, Клои Грејс Морец, Ема Стоун, Софи Тарнер, Ана де Армас, Кетрин Денев, новиот креативен директор на машката линија на брендот Фарел Вилијамс со сопругата и ќерката Леа, Сејду, Алиша Викандер и други познати личности. Ревијата ја затвори актерката и модел, Јунг Хо-Јеон.

Концептот на новата колекција есен-зима беше измислен од креативниот директор на модната куќа Луј Витон, Николас Гескиер, по враќањето од патување, кога светот конечно излезе од долготрајната пандемија и повторно стана „отворен“.

На модната писта се забележува отстапување од традициите на конзервативизам и стереотипите, и премин кон опуштени силуети и текстури. Доминираат меки линии, скулптурни фустани, слоевитост, еклектични елементи и футуристички очила. Со еден збор, модерен и боемски француски шик со микс од гардероба на „стилот на баба“ или на винтиџ продавница.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....