10:14 - 27 ноември, 2026

(Фото+видео) Славење во домот на Анастасија и Немања Гудељ: „Те молам прости ми, не можам да престанам…“

Српскиот фудбалер Немања Гудељ, сопругот на Анастасија Ражнатовиќ, вчера наврши 34 години. По тој повод, Анастасија јавно му се обрати со емотивни зборови.

Таа сподели интимни моменти од нивниот заеднички живот, објавувајќи серија фотографии и кратки видеа на својот инстаграм-профил и притоа со емотивна порака му рече колку е важен за неа. Таа сподели дел од познатата песна „Please Forgive Me“ на Брајан Адамс.

 


– Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам. Среќен роденден, моја најголема љубов. Ти си сето она што една жена може да посака кај партнер и сопруг. И драгиот Бог те испрати во мојот живот за да ме направиш најсреќната жена на светот… Секогаш биди ми жив и здрав, сè друго ќе правиме заедно. Те сакам – напишала Анастасија.

На објавените снимки се менуваат сцени што го прикажуваат нивниот секојдневен живот, патувања и моменти на блискост, што веднаш привлече големо внимание кај нејзините следбеници.

Објавата беше придружена со кратка, но емотивна порака упатена до фудбалерот, во која Анастасија јасно стави до знаење колку е важна неговата љубов и присуство за неа.

Нејзиниот гест доби многу позитивни реакции.

Анастасија и Гудељ се многу религиозни, а тој неодамна откри како гледа на бракот и односот меѓу сопруг и сопруга.

– Одржувањето на мирот во семејството е Божја заповед. Мажот е должен, според светиот апостол Павле, да ја сака својата сопруга како себеси. Апостолот ја споредил жената со Црквата. Таква е возвишеноста на бракот – пишува во неговиот пост каде што ја означил Анастасија.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....