01:07 - 12 јули, 2026

(Фото) Убавата ќерка на Брук Шилдс во фустан кој го носеше мајка ѝ пред 22 години 

По сето ова време, фустанот е сè уште актуелен и совршено се вклопува на телото на најмладата ќерка на актерката.

Гриер Хенчи (17) носеше фустан стар 22 години на премиерата на Café Carlyle, во која глуми мајка ѝ, Брук Шилдс. Веста ја објави 58-годишната американска актерка и модел на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Девојката која потпиша договор со IMG Models, на премиерата се појави во познатиот фустан на мама, извезен со металик светки и проѕирен долен дел. Гриер го комбинираше винтиџ изгледот со неутрална шминка. Најмалото дете на актерката и режисерот Крис Хенчи не носеше накит за акцентот да биде ставен на фустанот.

Ѕвездата на „Сината лагуна“ (филм од 1980 година) првично го носеше овој светкав фустан на премиера на филм во Чикаго во 2001 година.

Самата Брук Шилдс пак, избра нежно портокалов фустан од Исак Мизрахи за премиерната вечер на Café Carlyle. Глумицата сподели фотографии од настанот на својот Инстаграм профил.

„Вечерна премиера…каква неверојатна чест“, им напиша актерката на своите фанови пред да им се заблагодари на сите што дојдоа на претсавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

 

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....