05:55 - 21 декември, 2024

(ФОТО) ТУНА СЕЈДИУ ОД СИРИЈА СЕ ВРАТИ ЦЕЛОСНО ПРОМЕНЕТА: Заминавме од таму, но сликите што ги видов засекогаш ќе останат врежани во мојата меморија.

Ние не направивме ништо друго, освен што се обидовме за момент да ги оттргнеме од страдањата и да ги насмееме.

Туна Сејдиу, во рамки на хуманитарна организација, беше во посета на Сирија. На својот Фејсбук профил сподели фотографии од посетата на оваа земја, но и текст каков што никогаш до сега не сме прочитале од неа. Дали навистина Сирија толку многу влијаела на оваа пејачка, останува времето да покаже, но несомнено е дека ваквите искуства допираат и до најтврдите срца. Во продолжение ви го пренесуваме текстот на македонски:

„Кога последен пат се почувствувавме благодарни за животот што го имаме? Креветот каде што секоја вечер легнуваме, масите со храна што нè заситуваат, разните можности …

Абдурахим, Абуде, Газел, Семира, Али, Сена …. се само некои од децата во сиропиталиштето Таиибе, нашата прва станица. Тоа беа децата што ги запознавме, чии приказни беа едни од потажните. Нашата дводневна посета беше иницирана од швајцарското непрофитно здружение „За насмевка на децата“, основано во 2019 година за поддршка на семејствата и децата во неволја погодени од природни катастрофи и човечко уништување. Покрај тоа, запознав 4 прекрасни жени – 4 мајки, пред сè моќни, бестрашни жени кои неколку пати ја посетиле Сирија и други земји, како Јемен, Либија, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Газа, Турција, Бангладеш, итн. Сето ова со визија. Госпоѓа Емине, Џемиле, Пемба и Хасрет, ми беше задоволство да ги слушнам како страсно зборуваат за нивната мисија и нејзините резултати. Се чувствував како да гледам серија од повеќе сезони со многу епизоди со среќен крај. И крајот беше секогаш среќен. Додека ги гледав таму со каква искрена љубов им се посветуваа на локалното население, ја разбрав причината за нивниот успех.

Фото: Фејсбук

Ајкуна и нејзиниот сопруг Агрони, мои драги пријатели, ме поканија да се приклучам на иницијативата. Од првата секунда реков „да“ без двоумење. Не ја споменав оваа покана и мојата потврда никому, бидејќи се очекуваше да бидам спречена. „Сега си мајка и мораш да мислиш само на себе“ беа коментарите со кои се обидуваа да направат да се двоумам, да ме направат свесна дека заминувам некаде каде што го ставам животот во опасност, каде што немам гаранција на безбедност … да, тргнав во област каде што продолжуваат жестоките борби и секој момент е непредвидлив и може да стане фатален.

Фото: Фејсбук

Мораш лично да ги знаеш Ајкуна и Агрон за да разбереш зошто воопшто не ја одбив поканата. Не случајно нивниот бизнис стана меѓу врвните компании и не случајно „Ајкуна“, сега многу почитувано име во шоубизнисот, не само албанскиот, влезе во конкуренција со светски брендови за производи за коса.

„За насмевка на децата“ досега спроведе бројни проекти не само во Сирија, туку и во сите погодени земји во светот, давајќи сериозни донации. И ДА – им донесоа насмевки на децата таму, на нивните семејства, на злоставуваните жени итн. Организацијата, од нејзиното основање беше во партнерство со „Кизилај Турција“, кои ги следат на секој чекор. Моето максимално воодушевување оди кај момците од здружението кои не нè оставија сами во ниту една секунда. Водачите Кадир и Хакан бег и нивната војска – момчињата со огромно срце беа хероите на децата … ги држеа во скут, ги хранеа, ги чешлаа, го знаеја секое дете по име и историја.

Внимателно слушав и читав за ова место, но да го видам и слушнам директно од устата на оној што го доживеал и го доживува, да ја слушнам болката во гласот што зборува, целосно ги промени моите погледи за животот ..

Првиот камп што го посетивме и поделивме хигиенски прибор, играчки и торти за децата имаше 385 семејства, без основни услови за живот, далеку од куќите во кои некогаш живееле. Некои од нив беа образовани луѓе кои беа принудени да остават сè и привремено да се сместат во овие шатори. Нивното привремено станува секојдневно и остануваат таму со години. Поминав часови зборувајќи за нивните грижи. Слушнав за нивните животи, за нивните соништа. Сите го имаа истиот сон: да имаат покрив над главата, клуч од куќа што ќе ја отвора и затвора вратата кога не се дома, подлога каде ќе ја стават главата … Некои од децата се родени таму и не знаат за поинаков живот. Кога ги видов, моите деца се појавија пред моите очи и ја почувствував секоја болка на родителот што сака да му овозможи подобар живот на своето чедо.

Фото: Фејсбук

Останавме извесно време во кампот „Вадел Али“ во шаторот на семејство од 10 члена. Покривот на шаторот беше покриен со чаршафи, додека поделбата на шаторот на две простории беше импровизирана со ќебиња. Кога семејството сакаше да биде на отворено тие само ги тргнаа чаршафите. Цената на овие шатори беше околу 600 евра со животен век од околу 2 години, во зависност од климатските услови.

Ние не направивме ништо друго, освен што се обидовме за момент да ги оттргнеме од страдањата и да ги насмееме.

Фото: Фејсбук

Заминавме од таму, но сликите што ги видов засекогаш ќе останат врежани во мојата меморија, заедно со тажните приказни, насмевката која им се врати за неколку моменти и очајот од мојата немоќ да направам повеќе.

Не помалку депресивно беше и на следната посета во „Куќи со брикети“ во Мешад Рухин каде „За насмевка на децата“ досега изградиле 250 куќи.

Прочитав многу албански имиња меѓу донаторите на знаците за влез од овие куќи

Тоа беше најемотивното патување во мојот живот. Тоа се емоции кои ја надминуваат способноста да се опишат со зборови. Болката на оние што ги видов се крие во душата и ве прави тажни, ве прави да се чувствувате виновни за сиромаштијата, тагата и стравот со кои живеат секој ден. Од друга страна, прави да се чувствувате благословено и среќно за она што го имате и да се потсетувате на тоа секој ден.

Фото: Фејсбук

Секој поглед што го сретнав во малите Сиријци, пред моите очи ми ги носеше Тиан и Зен, солзи ми се насолзија и не можев да ги контролирам дури и со професионализмот што го научив со текот на годините – тоа е нешто помоќно, нешто што може да се победи! Секој разговор со возрасните ми потврдуваше дека најтешкото нешто за родителот е да не ја гледа насмевката на лицето на своето дете убеден дека заслужува среќно детство. Децата што ги сретнав имаа неопислива тага во нивните очи. Тие уште од првите години од животот носат на рамената товари што не би сакала да бидат на рамениците на кое било дете во светот. Сите оние кои ја слават војната не ја гледаат болката и очајот во очите на овие деца.

Се вратив обликувана. Јас сум друга Туна. Среќна што кажав „да“ за оваа иницијатива. Затоа што сакам светот да биде поинаков, затоа што сакам Тијан и Зен да растат во свет со повеќе детски насмевки. Во подобар свет. Само што го започнав патот да дадам минимален придонес за детска насмевка онаму каде што најмногу недостасува.“

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....