12:36 - 28 ноември, 2026

(Фото) „Тогаш сè започна…“ Поранешниот водител на „Пинк“ за лавовската борба со леукемијата!

Поранешниот водител на „Пинк“, Бобан Спасојевиќ, сеќавајќи се на својот починат татко на социјалните мрежи, откри и како пред две години дознал дека има леукемија. Тогаш, поради болка во рамото, отишол на итна помош.

По стандардниот преглед, меѓутоа, бил задржан во болница и оттогаш, како што вели, „повеќе ништо не е исто“.

– Не сум склонен кон патетика, но некои денови се малку поинакви и потешки од другите, бидејќи таков е животот… Целиот мој живот на овој ден му го честитав роденденот на татко ми, но за жал не оваа година, бидејќи нè напушти во март оваа година. Но, ние го паметиме и го споменуваме. Среќен роденден, Вељо. Меѓутоа, јас овој ден ќе го паметам по нешто друго – започнал Бобан.

– Пред две години, на денешен ден, во вечерните часови, поради болка во рамото, отидов во итната помош, каде што по стандарден преглед, ми рекоа да останам во болница, бидејќи се сомневаат дека имам леукемија. И, тогаш започна битката на мојот живот. Сè дотогаш, изгледаше и беше неважно. И оттогаш ништо не е исто. Во секоја смисла. Но, најважното, благодарение на одличните лекари и медицински сестри на хематологија, најсовремените лекови, љубовта и вниманието на најблиските, но пред сè, кон самиот себе, сè помина и еве ме, тука сум. Се променив физички, лековите и чудата си ја вршат својата работа, се променив и ментално. Кога сè е добро, тогаш сè еи полесно – истакнал тој.

– Полесно е кога си сакан и имаш некого да сакаш. Животот пишува романи и сите ние носиме товар што некој проценил дека можеме да го поднесеме. Сакај, биди сакан, живеј и не губете време на глупави и неважни луѓе, постапки, мисли… Живејте го својот живот најдобро што можете – заклучил тој.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....