16:05 - 4 ноември, 2026

(Фото) Сузана Гавазова знае како да го изненади семејството со вкусен ручек

Една од најпознатите фолк пејачки на нашата естрада, атрактивната Сузана Гавазова, покрај тоа што е постојано на сцената, наоѓа начин да го изненади семејството со вкусен ручек.

Гавазова на својот профил на Инстаграм на стори прикажа како подготвува летна манџа и пилешко, но она што ни остави силен впечаток се зачините. Таа стави природен зачин, свеж рузмарин, кој го скина од скасиите. Прекрасно е кога дома имаш бавча со органски прозиводи.

Видеото го објавила со музичка подлога од песната „Прстен“  којашто ѝ е еден од најголемите хитови, со многу силна порака.

Потсетуваме дека пред три дена оваа пејачка имаше голема причина за славење. Нејзината ќерка Селена славеше роденден. Среќната мама сподели на Инстаграм преубаво видео проследено со роденденска честитка полна со емоции.

„Среќен 11-ти роденден Селена! Денес славиме 11 години исполнети со твојата насмевка, добрина, љубов и радост. Ти си нашата гордост, нашата сила и најубавата причина секој ден да бидеме среќни. Ти посакуваме да растеш здрава, среќна, храбра и секогаш со насмевка на лицето. Нека сите твои соништа се исполнуваат, а животот нека ти донесе безброј убави моменти, искрени пријателства и многу љубов. Те сакаме неизмерно и секогаш ќе бидеме покрај тебе. Среќен роденден, наша принцезо! Со бескрајна љубов, Мама тато и Емелие!“ – напиша Гавазова.

 

 

Слични објави

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо
Се вчитува....