14:14 - 1 април, 2026

(Фото сторија) 70 квадрати цветна убавина, Снежана ни ги отвори вратите на својот сончев двор

Разговараме со Снежана Илиева, од југот на Македонија, кадешто е сонцето најсилно и најубаво.

Снежана е деловна жена, со семејството води, како што вели „мал семеен бизнис“ со апетисани. Фирмата „Сара Меџик“ нуди превкусни јаткасти плодови познати по своите нутритивни вредности. Освен што Снежана има полни раце работа околу апетисаните, таа – како голема љубителка на цвеќињата и природата – не заборава секојдневно да се посвети на дворот кој располага со 70 квадратни метри.

– Сите по малку од семејството придонесуваме за грижата околу цвеќињата и дворчето – ни објаснува Снежана и додава дека секое слободно време со задоволство го поминува околу цвеќињата и дворот.

– Секое цвеќе бара љубов и внимание, и секо цвеќе има своја посебна убавина. Јас секое цвеќе го сакам, особено каранфилчињата кои ми се омиелни, цело лето цветаат и ширак прекрасен мирис во дворчето – ни раскажува Снежана.

Инаку, Снежана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија. 

Фото – приватна архива

Му симнуваме шапка на Чедомир: Леандри, бугенвилии и хибискуси кои зборуваат, зад оваа убавина стои машка рака и 40-годишно искуство!

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....