22:04 - 9 ноември, 2026

(Фото) Србија ја избра својата мис Универзум, таа е медицинска сестра од Чикаго

Николина Вујчиќ (24), медицинска сестра од Чикаго, е новата претставничка на Србија на изборот за Мис Универзум.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by missuupdates (@missuupdates)


Жирито ја прогласи за победничка меѓу 16 финалистки, а од самиот почеток на натпреварот се сметаше за една од фаворитките. Вујичиќ работи во педијатриската итна служба, a по потекло e од српскиот град Драгово.

Николина има јасни планови за иднината, а тие се поврзани со нејзината професија. Своите амбиции неодамна ги открила за „Сербиан тајмс“.

„Планирам да ги продолжам магистерските студии во областа на едукацијата за медицински сестри, а потоа дополнително да се специјализирам во областа на лекување на неплодност. Мојот сон е да отворам инклузивна клиника каде што ќе им помагам на жените на патот кон мајчинството“, изјавила таа.

Победата на националниот избор не е нејзино прво искуство на изборите за убавина. На 18 години станала Мис Дес Плејнс Тин САД, а учествувала и на изборот за Мис Илиноис Тин САД. Тогаш се пласирала меѓу 15 полуфиналистки и ја освоила наградата „Спирит авард“.


Уште тогаш најавила дека повторно ќе се обиде на натпреварите за убавина, а неколку години подоцна се врати и ја освои националната титула.

„Тоа беше моето прво сериозно натпреварување, но сигурно не и последно. Планирам наскоро повторно да се натпреварувам“, рекла тогаш за „Журнал енд тропикс“.

Во истиот разговор, таа истакнала дека сака да се посвети и на кревањето на свеста за ретките болести кај децата.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....