22:17 - 6 ноември, 2026

(Фото) Нина Бадриќ веслаше кајче на Свети Наум: Охрид, чувај ми едно посебно место во твоето срце

Хрватската музичка ѕвезда Нина Бадриќ во саботата одржа концертен спектакл во Античкиот театар во Охрид. Уживањето и на пејачката и на публиката беше уште поголемо бидејќи Бадриќ првпат настапува во Охрид. Како што впрочем самата нагласи на Инстаграм – „првпат ќе пее во магичниот Охрид, под ѕвездите во Античкиот театар“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Воодушевената Нина го искористи престојот и за прошетка, па не криеше колку е воодушевена од македонскиот бисер.

Таа објави и серија фотографии на својот профил на Инстаграм.

„Утре првпат пеам во вашиот магичен град и не можам да ви опишам колку се радувам на оваа средба! Под ѕвездите, во прекрасниот Антички театар, заедно ќе ги пееме песните што растеа со нас, нè сакаа, нè повредуваа и нè лекуваа. Охрид, чувај ми едно посебно место во твоето срце“, напишала Нина.

Пејачката прошетала и на Свети Наум, се напила вода таму и го нарекла рај и искуство што ретко се доживува.

„Свети Наум е прекрасен манастирски комплекс и излетничко место покрај езерото, на околу 30 километри јужно од Охрид, во близина на границата со Албанија.

Познат е по манастирот „Свети Наум“, изворите на Црн Дрим, пауните кои слободно шетаат низ комплексот, како и прекрасниот поглед кон Охридското Езеро.

Водата е толку чиста што може да се пие, а истовремено е исклучително богата со кислород.

Овој национален парк е вистински рај и нуди доживување какво што ретко се доживува…

Свети Наум е нереална убавина.“, напиша Нина на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....