11:14 - 5 ноември, 2026

(Фото) Сопругот на Сека Алексиќ ја истетовирал Јелена Карлеуша на раката?

Сека Алексиќ објави семејни фотографии на 12 април по повод Велигден, прикажувајќи ја и празничната декорација во својот дом, но вниманието на нејзините обожаватели го привлече нешто сосема друго.

Пејачката позираше покрај трпезата и велигденските јајца со сопругот Велјко Пиљикиќ и синовите Јован и Јаков, а во прв план дојдоа тетоважите на нејзиниот сопруг. На една од рацете, покрај останатите тетоважи, се наоѓа и лик на жена, за кој дел од следбениците сметаат дека личи на Јелена Карлеуша.

„Луѓе, дали ова е сопругот на Сека Алексиќ со истетовирана Карлеуша на раката или само многу ми личи? Ова е ликот на Јелена Карлеуша“, напиша еден корисник на социјалната мрежа Икс.

Коментарите се редеа. Додека една корисничка тврди дека е „Сека кога имала избричена глава“, други сметаат дека повеќе личи на Слаѓана Милошевиќ.

Сепак, најмногу луѓе сметаат дека тетоважата најмногу потсетува на Карлеуша.

„Мене ова ми изгледа со ист нос, исти усни, исти очи“, напиша еден корисник.

Да потсетиме, Сека неодамна зборуваше за својот однос со сопругот, истакнувајќи дека тој никогаш не вршел притисок врз неа околу бременоста и покрај прашањата од околината „што ако те остави мажот ако не родиш деца“.

„Имав среќа зад мене да стои сериозен маж кој искрено ме сака и нему не му беше важно дали ќе можам да родам деца или не. Нему му бев важна јас и мојата среќа“, изјавила Сека.

Слични објави

Николина Пишек му одговори на Миша Гроф: „Сè уште не сум почнала да ја кажувам вистината за нив, допрва ќе почнам“

Еспресо

(Фото) Мина Костиќ целосно го промени изгледот по тешкиот период: „Повторно оживеав“

Еспресо

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

(Видео) „Ѕвона ѕвонат“ – љубовната балада на Љупка Димитровска и по 36 години буди спомени

Т.Ц.

Хороскоп за 5 ноември: Скорпиите треба сериозно да се посветат на работата

Еспресо

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.
Се вчитува....