10.8 C
Скопје
22:16 - 15 октомври, 2026

(Фото) Сопругата на Дино Дворник ја покри тетоважата посветена на него: „Повеќе не беше репрезентативна“

Данијела Дворник ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи откако откри дека ја покрила тетоважата што со години ја носеше во чест на својот покоен сопруг, легендарниот музичар Дино Дворник.

На местото на старата тетоважа на грбот, сега се наоѓаат змеј и цвет од лотос, а Данијела објасни дека новиот мотив има длабока симболика и ја отсликува животната фаза во која се наоѓа денес.

„Пред нешто повеќе од една недела ја преработив старата тетоважа на грбот во нова. Сега имам змеј и лотос. Мојот змеј симболизира развој, раст и движење напред, што во основа има многу заедничко и со мојот хороскопски знак. Лотосот, од друга страна, е еден од најсилните симболи на личната трансформација. Расте од калта, но цвета над површината на водата. Змејот практично се затвора во круг околу цветот“, напиша таа.

Данијела додаде дека старата тетоважа повеќе не ја претставувала на начин на кој сакала, па затоа решила да направи промена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danijela Dvornik (@danijeladvornik)


Одлуката доаѓа во период на значајни промени во нејзиниот живот. Откако неодамна го заврши реновирањето на својот дом, таа порача дека повторно ѝ се посветува на својата женска енергија, а новата тетоважа, според многумина, е симбол на тој нов почеток.

Нејзините следбеници ја поддржаа одлуката и упатија бројни позитивни коментари за нејзината искреност и сила.

Данијела и Дино Дворник беа во брак од 1989 година до неговата смрт во 2008 година. Заедно ја добија ќерката Ела.

Претходно, на грбот имаше тетоважа со срце во кое беа нацртани таа и Дино како се бакнуваат, а под нив стоеше стихот од неговата песна „Ти си ми у мислима“.

Слични објави

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

К.С.

(Фото) По 17 години повторно на истото место: Виктор Живојиновиќ и Лепа Брена ја повторија фотографијата од неговото детство

Еспресо

Северина за 12-годишната битка за старателство: „Од судењата ги паметам само зборовите на моите адвокати“

Еспресо
Се вчитува....