28.8 C
Скопје
22:35 - 12 август, 2026

(Видео) Елвир Мекиќ и Јован Јованов го поздравија семејството на Гоце Арнаудов и му оддадоа почит на легендарниот пејач

Пред неколку дена се одржа спектакуларен концерт на Елвир Мекиќ и Јован Јованов со бројни сценски ефекти во арената „Борис Трајковски“, а најемотивниот момент беше сеќавањето на легендарниот македонски пејач Гоце Арнаудов, едно од најголемите имиња во македонската народна музика.

На сцената, Елвир ја изведе песната „Лично твој“, дуетот што го сними со Гоце Арнаудов. Додека песната се слушаше во салата, на големиот видеобим се прикажуваа слики од Арнаудов. Во текот на настапот, Елвир го поздрави и семејството на Гоце, кое беше присутно во публиката, и му се заблагодари за сè што направил за македонската музика.

Песната „Лично твој“ беше објавена во 2008 година и претставува интересен музички спој на поп звукот на Елвир Мекиќ и препознатливата народна интерпретација на Гоце Арнаудов. Музиката и аранжманот ги потпишува Јован Јованов, додека текстот е на Елвир Мекиќ.

Гоце Арнаудов зад себе остави богата кариера, бројни хитови и препознатлив стил поради кој беше омилен кај неколку генерации публика. Со својата специфична интерпретација и имиџ, Арнаудов беше еден од највлијателните фолк-пејачи на македонската сцена. Почина во 2011 година, но неговите песни и денес живеат меѓу публиката.

Токму затоа, изведбата на „Лично твој“ на концертот на Елвир и Јован не беше само музички момент, туку и силен омаж за човекот кој остави неизбришлива трага во македонската музика.

Гоце зад себе ја остави сопругата Силвија со која има две деца: Харита и Оскар. Негова ќерка е и познатата пејачка Кристина Арнаудова.

„Со Гоце бев речиси цел мој живот, од мои 15 години. Тој и беше мојот живот. Со него поминав и многу искушенија и препреки, но и безброј среќни моменти кои го чинат животот. Тој нѐ напушти на свои 57 години. Останав без Гоце кога имав 50 години. Од тогаш до денес како да ми застана времето. Немам промени во чувствата кон него, љубовта останува и тоа непроменета“, изјави во една прилика за „Женски магазин“ Силвија Арнаудова.

Слични објави

Јована Јеремиќ ужива со Тигар на плажа, па со една порака чепна во минатото: „Нема право да знае…“

Еспресо

Од латино заводник до гласен навивач – Александар Тарабунов со својата трансформација ја освои публиката во Охрид

Еспресо

Теа Таировиќ ја препеа „Голубе“, па колешките жестоко удрија по неа: „Биди чесна!“

Еспресо

„Снежана конечно ги најде џуџињата“ – водителката Велков се пронајде во приказната за полскиот Вроцлав

Еспресо

Слоба Радановиќ повторно покажа големо срце: Донираше 2.000 евра за семејства од Газивода кои останаа без домови

Еспресо

Бојана Скендеровски: Привилегија е да се пее песна од големата Сашка Петковска

Еспресо
Се вчитува....