-0.2 C
Скопје
08:53 - 22 декември, 2024

(Фото) Скопјанецот Јасмин го напушти градот и стана единствен жител на Брег: Проблемите изгледаат помали оттука, а благословите се потенцираат

Приказната на музичарот Јасмин е потсетник дека постои поинаков начин на живеење, кој е повеќе во склад со природата и нашето внатрешно јас. Иако можеби не секој е подготвен за тоа, сите ние можеме да се инспирираме од неговото искуство и да најдеме начини за подлабоко поврзување со природниот свет.


Во денешниот свет на брз живот и роботизирана виртуелност, преоптовареноста и исклученоста од реалноста и природата се сѐ поголем проблем. За некои, тоа е начин на борба и упорност, барајќи го мирот во годишните одмори и ситното останатото време за себе, а за други решението е да го остават градот зад себе и да бараат поедноставен, поприроден начин на живот.

Еден таков млад човек е скопјанецот Јасмин Реџович, креативец и музичар, кој одлучи да напушти градот и да се пресели во населба Брег, Горно Коњари.

Јасмин отсекогаш чувствувал длабока поврзаност со природата, но живеењето во градот му отежнувало целосно да се претопи во природниот свет, па оттука градскиот живот му изгледал нелогичен и тежок. Вели дека се пронашол себеси откако го одбегнал времето поминато во затворен простор, зјапајќи во екраните и чувствувајќи се исклучен од светот околу него.

Во овој разговор, Јасмин ни открива дека едноставниот, тивок живот во природа е поисполнет од брзиот, стресен живот во градот.

Која е твојата приказна, зошто „избега“ од градот?

– Твојот денешен соговорник, Јасмин ,,избега” од градот Скопје за да стане единствениот жител на населба Брег. Поминувајќи го речиси целиот век предходно во Автокоманда, ова изгледа како нагла промена, но долго време вриеше под површината.

Како живтот во природа влијае на твојата животна перспектива?

– Звукот на градските улици, растењето во паркови и на клупи го замени со распеани птици кои решиле да му станат соседи, еден огромен парк околу него, како тој што го опишува и клупи. Кога ќе се одалечиш малку, некогаш добиваш поширока перспектива, па проблемите изгледаат помали оттука, а благословите се потенцираат.


Дали научи некои нови вештини кога се пресели во Горно Коњари, кои?

– Од греење на парно до цепење дрва; од пазарење по пиљари до садење, вадење, одржување и секако берба. Некогаш мислиме дека тоа што го посакуваме ќе нè направи среќни, но своеволно изолиран, го наоѓа мирот во работата, а не во нејзиниот плод. Кога се посветуваме на некоја цел, резултатите се еднакви на вложениот труд, па кога ќе дојдете до крајниот производ, веќе е очекуван и заслужен, задоволстовото е поголемо, чувството на постигнување е ,,на стероиди”, но повеќе се помни изминатиот пат до целта.

Како остануваш поврзан со градскиот живот?

– Сѐ си има свои предности и слабости, па така од градскиот живот на Јасмин му недостасуваат луѓето (понекогаш), па е среќен што може да ги види кога сака, колку што дозволуваат обврските. Интернетот е добра алатка за одржување на блискост на физичка дистанца.

Кои се бенефитите на изолираноста во природа?

– Природата на животот наложува дека секое орудие е меч со две острици. Благодарноста ги става благословите под лупа, а неблагодарноста ги прави да изгледаат мали како светилките на ноќното небо.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....