15.8 C
Скопје
22:15 - 21 октомври, 2026

(Видео) Кејт Мидлтон се избламира правејќи палачинки и стана вирален хит: „Срамота, како им ги прави на своите деца?“

За време на посетата на старечки дом, принцезата од Велс Кејт Мидлтон реши да ги покаже своите кулинарски вештини кои за малку ќе завршеа со катастрофа откако решила да помогне во правењето палачинки.

Принцезата од Велс се обиде да направи палачинки, а видеото од овој „маневар“ набрзо стана хит на социјалните мрежи.

Имено, на видеото се гледа како Кејт се мачеше да го изгребе тестото од тавата, па на шега им порача на вработените да не кажуваат никому колку лошо го направила тоа.

Додека се обидувала да ја одлеши палачинката од тавата, изгледаше како палачинката да се распаѓа на два дела. На крајот принцезата успеала да „ослободи“ дел од палачинката за да се преврти, што предизвика овации од присутните во просторијата.

Во еден момент таа рече: „Видете, тука грешам, секогаш се трудам да ја свртам пребрзо!“.

Кралскиот коментатор Ричард Палмер исто така го сподели урнебесниот клип на својот официјален профил на Твитер со натпис: „Како да не се прават палачинки“.

Откако со мака ја направила палачинката, принцезата својот конечен производ го опиша како „дамка“, а потоа се шегуваше: „Дефинитивно немојте да ја јадете мојата палачинка“.

Потоа следуваше извинување од принцезата: „Жал ми е! Навистина не ве испочитував. Ќе сакате ли да им покажете како правилно се прават“, се обрати Кејт на готвачот.

Коментарите од јавноста беа поделени. Некои ја охрабруваа принцезата, додека други истакнуваа дека е „срамота да не знае едни палачинки да направи“.

„Како ги правиш на своите деца и дали некогаш нешто си им направила?“ „Срамота, таа само позира и се појавува на настани, друго не ја ни интересира“, забележаа некои корисници на социјалните мрежи.

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....