18:44 - 10 ноември, 2026

(Фото) Синот на Амиџиќ и Данијела слави роденден двапати: Две торти, новата девојка на тато и новото момче на мама

Матија Амиџиќ имаше привилегија двапати да го прослави својот роденден. Прво со тато и неговата нова девојка, а потоа со мама и нејзиното момче.

Мина Наумовиќ, новата љубов на Огњен Амиџиќ, на Инстаграм откри како изгледала мала приватна забава. Матија за својот јубилеен десетти роденден доби специјална торта во сини тонови со симпатична декорација во форма на нивниот миленик, кучето Чак.

Имаше и капи и балони со ликот на омилениот суперхерој на Матија, Спајдермен.

Изненадување приреди и Данијела Димитровска. Убава манекенка го однела синот во ресторан.

„Денес овој малечок покрај мене наполни десет години и јас сум најсреќната личност на светот! Ти благодарам што ме избра да бидам твоја мајка и што ме научи од ден на ден како да бидам трпелива и како да сакам со целото мое битие. Те сака мама до месечината и назад“, напиша таа на Инстаграм покрај заедничката фотографија.

Несомнено е дека Матија долго ќе го памети овој прекрасен ден. На прославата присуствуваше и новиот партнер на Данијела, поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....