13:42 - 1 април, 2026

(ФОТО) СИНДИ КРАФОРД КАКО ВО 1992 ГОДИНА: Супермоделот ја рекреираше познатата реклама

синди крафорд

Манекенката позираше во бела маичка и тексас шорцеви, со бујна фризура, исто како и во култната реклама во 1992 година. Откри дека учествува во проектот за да се соберат средства за детска болница.

Супермоделот Синди Крафорд се врати во изворниот сет по речиси три децении од нејзината култна реклама за „Пепси“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PopCulture (@popculture)

55-годишниот модел позираше во бела маичка и кратки тексас шорцеви во комбинација со црвени салонки пред кафулето „Halfway House“ во Санта Кларита, Калифорнија.

За препознатливата бујна фризура се погрижи познатиот холивудски фризер Питер Савиќ, кој ја стилизирал косата на Синди и во оригинална реклама од 1990-тите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Шминката и стајлингот беа беспрекорни и се чинеше дека Синди, во меѓувреме, не изгледаше како да старее ниту еден ден.

Крафорд и фотографот Дејвид Џероу одлучиле да ја рекреираат рекламата за да соберат средства за Американската детска болница во Медисон, Висконсин, каде братот на моделот претходно се лекувал од леукемија.

Синди на социјалните мрежи откри дека тие веќе собрале повеќе од 1 милион долари за таа цел. Нејзиниот изглед и добротворни цели ги пофалија многу нејзини следбеници, а меѓу нив, секако, беа и голем број ѕвезди како Џенифер Лопез и Рис Витерспун.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....