22:56 - 6 ноември, 2026

(Фото) Шерон Стоун го покажа синот: Ретка фотографија од Роан кој живее со поранешниот сопруг на филмската ѕвезда

Актерката Шерон Стоун објави ретка фотографија од својот посвоен син Роан.

Холивудската актерка Шерон Стоун на обожавателите им покажа ретка фотографија од нејзиниот посвоен син Роан Џозеф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Филмската ѕвезда ја објави фотографијата на својот инстаграм-профил.

На фотографијата 23-годишниот Роан Џозеф позира без маица, покажувајќи го телото насликано со неколку тетоважи.

„Горд на тебе, Роан Џозеф. Браво“, напиша актерката.

Шерон Стоун го посвои момчето во 2000 година додека беше во брак со новинарот Фил Бронштајн. Во 2003 година, сопругот на актерката поднесе барање за развод, а судот му го додели старателството врз детето на таткото. Според Стоун, ова се случило, меѓу другото, и поради една сцена во филмот „Основен инстинкт“.

Шерон Стоун ги посвои и синовите Лерд и Квин. Актерката рече дека момчињата му дале смисла на нејзиниот живот, и дека за нив таа е подготвена на сè.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....