16.8 C
Скопје
16:02 - 25 септември, 2026

Како гангстер: На Ален Делон полицијата му заплени 72 парчиња илегално оружје во домот

Во домот на познатиот актер пронашол 72 парчиња огнено оружје, како и повеќе од 3.000 парчиња муниција.

Францускиот актер Ален Делон повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овој пат не поради неговиот актерски талент туку поради нелегално поседување огнено оружје. Денеска полицијата извршила претрес во неговата куќа во село, на 135 километри јужно од Париз, каде што пронашла дури 72 огнени оружја, како и повеќе од 3.000 парчиња муниција.

Локалниот обвинител Жан Седрик Гау рече дека Ален Делон нема дозвола за поседување огнено оружје, што го прави овој случај уште посериозен.

Претресот бил нареден откако службеник назначен од судот го забележал оружјето при посета на домот на актерот и веднаш го известил судијата за ова недозволено поседување оружје.

Ален Делон често толкуваше улоги на гангстерите во неговите најпознати филмови, а сега пред очите на јавнота испадна и самиот гангстер.

Иако ретко се појавуваше во јавноста од 1990-тите, неговото име се уште е присутно во медиумите, особено откако беше во центарот на вниманието поради семејните расправии и здравствените проблеми, вклучително и мозочиотн удар што го доживеа во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alain Delon (@alaindelon_fan)

Покрај актерството, Делон е познат и како колекционер на уметнички дела, а неговиот имот се проценува на милиони евра. Во јуни минатата година на аукција продаде околу 80 уметнички дела за повеќе од осум милиони евра, што дополнително ја нагласува неговата страст за уметност и колекционерство.

Слични објави

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо
Се вчитува....