23:41 - 10 ноември, 2026

(Фото) Шакира најави нов албум, ама и нова љубов: „Ти се појави и ги залечи раните што ми ги остави тој…“

Објавите на Шакира на социјалните мрежи секогаш се под лупа, особено по раскинувањето со поранешниот фудбалер Жерар Пике. Месеци откако ги полнеше насловните страници поради драматичната разделба од фудбалерот, изгледа дека колумбиската пејачка повторно си ја пронајде љубовта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Или барем така шпекулираат некои нејзини обожаватели откако слушнале фрагмент од нејзината нова песна „Nassau“, која е дел од нејзиниот нов албум „Las mujeres ya no lloran“ или „Жените веќе не плачат“.

Текстот објавен на нејзините социјални мрежи сугерира можна нова врска на Шакира: „Ветив дека никогаш повеќе нема да сакам, ти се појави да ги залечиш раните што ги остави тој. Го заклучив срцето со клучеви и катанец, но што да правам кога премногу ми се допаѓаш“.

Но, сепак ќе треба да почекаме до 22 март за повеќе детали, а нејзиниот нов албум треба да биде објавен токму на тој датум.

Приемот на следниот албум на Шакира, „Las mujeres ya no lloran“, засега изгледа многу позитивно. Нејзината порака на Инстаграм собра, за нешто повеќе од 14 часа од нејзиното објавување, повеќе од два милиони лајкови и илјадници коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....