09:46 - 4 април, 2026

(Фото) Салма Хајек на Кански филмски фестивал, неверојатно секси: Црн светликав фустан со голи рамена

57-годишната мексиканско-американска актерка Салма Хајек се појави на 77-от Кански филмски фестивал. Ѕвездата сподели фотографии од атмосферата на своите социјални мрежи.

Славната личност се појави на премиерата на Емилија Перез, музичка криминална комедија од 2024 година, напишана и режирана од Жак Аудиар. Една од улогите во филмот ја толкуваше пејачката Селена Гомез.

Салма за настанот на француската ривиера избра црн фустан со голи рамена, целосно покриен со светки. Фустанот од Ив Сен Лоран ја истакна фигурата на актерката. Хајек додаде масивен ѓердан и нараквица на фустанот, а во рацете држешемала чантичка од истата луксузна модна марка.

Сопругот на Салма, францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино, е сопственик на групацијата компании Керинг и голем број од најпознатите модни брендови, меѓу кои Александар Меквин, Баленсијага, Бриони, Гучи, Пума, Волком, Ив Сен Лоран. Затоа, актерката често демонстрира облека од овие модни куќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

„Златен час во Кан“, напиша мексиканско-американската славна личност.

Овојпат Салма во јавноста се појави без сопругот. Двојката е во брак од 2009 година и станаа родители на ќерката Валентина.

 

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....