8.8 C
Скопје
09:45 - 11 март, 2026

(ФОТО) РЕДОК ФЕНОМЕН ВО НОВАТА ГОДИНА: Се родија близнаци во различни години

Новата година во Калифорнија ја одбележал еден редок феномен, а притоа прекрасен момент и голема радост во семејството Мадригал. Среќната мајка Фатима Мадригал родила близнаци со разлика од 15 минути. Првото бебе е родено на 31 декември 2021 година во 23:45 часот, а второто само 15 минути подоцна, на 1 јануари 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WuzupNigeria (@wuzupnigeria)


Близнаците се родени во Медицинскиот центар Навидад во Калифорнија.

„Ајлин Јоланда Трухило е првото бебе родено во 2022 година во Салинас. Нејзиниот брат близнак Алфредо Антонио Трухило е роден 15 минути порано, во 23:45 часот на 31 декември. Тоа значи дека нивните родендени паѓаат во различни денови, месеци и години – шанси се 1 на 2 милиони“, се вели на Твитер профилот на болницата.

Во изјава за магазинот People, годрата мајка изјавила: „Лудо е што се близнаци и имаат различни родендени. Изненаден сум и среќен“.

Докторката Ана Абрил Аријас изјавила дека ова е еден од најнезаборавните моменти во нејзината кариера.


Сличен случај се случи во Индијана кога една жена го роди своето прво дете со разлика од 30 минути на 31 декември 2019 година, а второто на 1 јануари 2020 година.

Слични објави

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо
Се вчитува....