8.8 C
Скопје
10:25 - 30 март, 2026

(Фото) Првата дама на САД во британската влада: „Не можете да ја замислите таа убавина на крунисувањето“

Првата дама на САД, Џил Бајден учествуваше на ручек на отворено, во седиштето на британската влада, по крунисувањето на Чарлс Трети.

Џил Бајден беше пречекана од британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мурти. Првата дама на САД им се придружи на десетици други гости во дворот на Даунинг стрит.

За крунисувањето на кралот Чарлс Трети таа рече дека е „просто неверојатно да се види тоа“.

„Не можете да го замислите тој момент кога всушност ја гледате круната како се става на главата на кралот, а потоа на главата на кралицата“, рече таа за време на телефонското интервју за АП по церемонијата во Лондон.

Бајден истакна дека е навистина надреално да се види и доживее тој момент.

Ниту еден американски претседател никогаш не присуствувал на крунисувањето на британскиот монарх, а претседателот Џозеф Бајден побара од првата дама да ги претставува САД на негово место.

Белата куќа соопшти дека појавувањето на Џил Бајден е првпат американска прва дама да присуствува на британското крунисување.

На патувањето била придружувана од една од нејзините внуки Финеган Бајден (23).

„Чест ми е што го претставувам народот на Соединетите Американски Држави и сакав да бидам овде“, изјави Џил Бајден.

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....