06:23 - 14 ноември, 2026

(Фото) Презгодната битолчанка со заслужена титула: Матеа Христовска е Мис најдобро тело на World Next Top Model 2023

Викендов во Бејрут, Либан, се одржа изборот за World Next Top Model за 2023 година. Нашата држава ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.
Победничка, односно World Next Top Model за 2023 е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.
Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.
Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....