19.8 C
Скопје
05:48 - 22 август, 2026

(Видео) Роберт де Ниро му честита на Ал Пачино што очекува бебе на 83 години: Кои се во Клубот на стари татковци меѓу холивудските ѕвезди

Во неврзан разговор во емисијата „Тодеј“ со Хода Котб, актерот Роберт де Ниро ја изрази својата среќа за својот колега актер, Ал Пачино, кој чека дете со својата девојка Нур Алфалах на 83 годишна возраст.

Де Ниро (79) на шега ја призна разликата во години, велејќи: „Тој е неколку години постар од мене. Бог да го благослови“.

Но потсетуваме дека минатиот месец, самиот Де Ниро го дочека своето седмо дете, прво со партнерката Тифани Чен. Кога Котб го праша Де Ниро за татковството во неговата „доцнежна возраст“, добитникот на Оскар ја сподели својот поглед за родителството.

Тој напомена дека да се биде постар татко носи одредена свесност за животната и семејната динамика.

Де Ниро рече: „Не можете да избегнете да научите одредени работи и како можете да се справите со нив, да управувате со нив, да се организирате во секаква ситуација“.

За време на интервјуто, Де Ниро ја поздрави својата најмлада ќерка Гиа. Ѕвездата од „Таксист“ веќе има уште пет деца: Дрена (51), Рафаел (46), близнаците Џулијан и Арон (37) и Елиот (25).

Рекордер меѓу познатите личности кои станале татковци во нивните златни години е хрватскиот театарски и филмски актер, режисер и преведувач Звонимир Рогоз, кој на 92-годишна возраст го добил синот Рафаел.

Звонимир почина во 1988 година на 101 година, а додека бил жив се шушкало дека тој всушност не е биолошки татко на детето родено од неговата сопруга Агата, која била 56 години помлада од него. Таа, пак, тврдеше дека овие озборувања ги ширеле љубоморните поранешни љубовници на нејзиниот сопруг, кој бил познат како еден од најголемите заводници на овие простори.

Среќни татковци на стари години

Ричард Гир е уште еден постар татко. Во февруари 2019 година, кога имаше 69 години, го доби второ дете, а една година подоцна и трето.

Познатиот рокер Мик Џегер стана татко по осми пат во 2016 година на 73-годишна возраст.

Ѕвездата на немиот филм Чарли Чаплин имаше 12 деца. Имал 73 години кога го добил своето најмало дете во 1962 година.

Чаплин почина 15 години подоцна.

Медиумскиот магнат Руперт Мардок имаше 72 години кога се роди неговата најмлада ќерка во 2003 година.

 

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....