16:40 - 31 март, 2026

(Фото) Потресна објава на ќерката на Силвана Арменулиќ: „Мила мајко…“

Легендарната пејачка Силвана Арменулиќ го загуби животот во 1976 година по сообраќајна несреќа што се случи кај Колари, кога се враќала од настап. Со неа во автомобилот била и нејзината бремена сестра, Мирсада Бајрактаревиќ, која исто така загинала, како и виолинисот Раде Јашаревиќ.

За време на несреќата, пејачката била во брак со тенисерот Радмило Арменулиќ, а нивната ќерка Гордана имала само 12 години кога останала без мајка.

Гордана никогаш не ја прежали смртта на мајка си, а вчера со многу емоции сподели објава на својот фејсбук-профил по повод роденденот на Силвана.

„Мила мајко моја, среќен ти роденден“ – напиша Гордана постирајќи фотографија од мајка си која важеше за една од најубавите жени во поранешна Југославија.

Гордана Арменулиќ, Фејсбук

Гордана, инаку, дипломирала математика и работи како професор во една гимназија. Има син кој не се експонира во јавност, а многумина велат дека очигледно Гордана ја наследила убавината од својата мајка.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....