23.8 C
Скопје
13:59 - 30 април, 2024

(Фото) Популарниот бразилски актер Џеферсон Мачадо најден мртов како во хорор филм: Деталите за смртта се шокантни

Популарниот бразилски актер Џеферсон Мачадо исчезна во јануари 2023 година. Четири месеци подоцна, тој беше пронајден мртов. Мачадо имаше 44 години.

Исчезнувањето на актерот го пријавило неговото семејство. Телото на Џеферсон беше откриено во понеделникот, на 22 мај, за време на истрагата спроведена од полицијата. Засега не се знае кој бил вмешан во убиството и кои биле мотивите.

Жаиро Магалхаес, адвокат на семејството Мачадо, сподели дека „телото на ѕвездата е пронајдено со знаци на задушување. Метална жица била обвиткана околу неговиот врат, а рацете му биле врзани“.

Според прелиминарните информации, телото на актерот било пронајдено во мала дрвена кутија закопана во дупка со значителна длабочина во тоалет во Рио де Жанеиро.

принтскрин

„Оваа ситуација длабоко нè растажува и не револтира земајќи ги предвид страдањата што ги преживеа Џеф“, додаде адвокатот.

Тој продолжи: „Моја должност како адвокат е неуморно да барам вистина и правда. Моја должност е да се погрижам сите вклучени во ова грозоморно злосторство да бидат одговорни и казнети, а семејството на Џеф да ја најде поддршката што им е потребна за да го преброди овој многу болен период“.

Властите користеле отпечатоци од палец за да потврдат дека телото му припаѓа на Мачадо, според локалното издание R7 News.

Исчезнал во јануари, а последен пат бил виден во Кампо Гранде. Неговото семејство го пријавило исчезнувањето кога сфатило дека неговите осум кучиња не биле соодветно згрижени, што било невообичаено за актерот бидејќи тој многу ги сакал животните.

инстаграм

Според R7 News, по неговото исчезнување, семејството Мачадо добило СМС пораки кои наводно се од Џеф, но тоа било некој друг.

Сепак, веќе во март роднините дознале дека лозинката на неговиот мобилен телефон е сменета, а локацијата била недостапна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Machado (@jeffmachadocosta)

И близок пријател на Мачадо ја потврди смртта на актерот:

„Со голема тага ве известуваме дека Џеферсон беше пронајден мртов на 22 мај 2023 година. Џеферсон беше убиен ладнокрвно и сурово од завидливи, злобни и секако, безначајни луѓе“.

Познато е дека Џеферсон Мачадо играше во бразилски мелодрами. Последен пат играше улога на војник во телевизиската серија „Лет“, објавена во март минатата година. Мачадо долги години работеше и како режисер и сценограф.

инстаграм

 

 

Слични објави

Шокантно признание на Северина: Пред породувањето лежев на одделението за онколошки пациенти

Еспресо

(Фото) Богатството на Здравко Чолиќ е проценето на 25 милиони евра, а тој носи часовник од 2.000 евра!

Еспресо

(Фото) Никола Роквиќ не ја симнува насмевката од лице, еве со кого се сретна на патувањето

еспресо

Од што заработува Вељко Ражнатовиќ: Боксерот има приватен бизнис, живее во село

еспресо

(Видео) Убиена мисица среде ресторан: Вознемирувачко видео од стравичниот настан, причините се застрашувачки

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....