22.8 C
Скопје
17:14 - 28 септември, 2026

(Фото) Почина „Црвениот Диор“: Како Слава Зајцев стана првиот советски моден дизајнер кој го освои светското внимание

Вјачеслав Слава Зајцев, модниот дизајнер кој стои зад светски познатата советска мода која честопати беше украсена со живописни руски фолклорни мотиви, почина во неделата на 86-годишна возраст, објавија руските медиуми.

Според руските медиуми, славниот дизајнер имал чир на желудникот, што предизвикало внатрешно крварење. Дизајнерот бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да го спасат. Во 2016 година, на дизајнерот му била дијагностицирана Паркинсонова болест, а во последните години од животот тој практично не се појавуваше во јавноста.

Вјачеслав Зајцев или Слава Зајцев е роден во градот Иваново, дипломирал на Московскиот текстилен институт. Во 1982 година ја основал Модната куќа Зајцев во Москва.

Три години подоцна, Зајцев станал соработник на Пјер Карден. Тој јавно го изразил своето воодушевување од рускиот дизајнер, нарекувајќи го „рамноправен меѓу еднаквите“. Уште по нивната прва соработка, Зајцев си обезбеди светска слава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slava Zaitsev (@slavazaitsew)

Зајцев облече голем број шампиони од руската репрезентација во уметничко лизгање, но негови креации носеа и стјуардесите на националната руска авиокомпанија Аерофлот. Според неговите скици, биле направени костими за бројни театарски претстави. Бил исто така, дизајнер на рускиот тим на Олимписките игри во Москва во 1980 година и на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година.

Француските медиуми го нарекоа „Црвениот Диор“ од 1960-тите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slava Zaitsev (@slavazaitsew)

Покровителството на Раиса Горбачова, сопругата на последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, дополнително му донесе светска слава во 1980-тите постојано носејќи негови креации. Меѓу неговите клиенти беше и поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила.

Слични објави

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо
Се вчитува....