16:31 - 15 август, 2026

(Фото) Пловечки пентхаус: Лепа Брена и Боба Живојиновиќ крстарат по Јадранот со новата луксузна јахта „Лејди Би“

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ се познати љубители на луксузни пловила, а летните месеци редовно ги поминуваат крстарејќи по Јадранот. По одморот во Црна Гора, деновиве допловија и до хрватскиот брег, поточно до Опатија.

Брена и Боба својата претходна јахта ја заменија со поголемо и пораскошно пловило долго 26 метри. Јахтата „Лејди Би“ („Lady B“), која се простира на две палуби, е опремена како најлуксузен апартман на море. Благодарение на елегантните кабини, пространиот салон и врвно уредените надворешни простори за одмор, со својот луксуз и удобност буквално потсетува на елитен хотел на вода.

Станува збор за импресивно пловило организирано како современ станбен простор. Според описот на порталот TWW Yachts, главната палуба функционира како отворен дневен престој со трпезарија, додека горното ниво е замислено како катче за релаксација и тераса за одмор. Долниот дел од јахтата е резервиран за приватни кабини, уредени како хотелски апартмани од висока категорија.

фото/wwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Ентериерот на јахтата, според истиот извор, се темели на воздржан, но исклучително префинет луксуз. Доминираат неутрални тонови – бела, беж и топли песочни нијанси – кои ја рефлектираат природната светлина и дополнително го нагласуваат чувството на просторност. Во ентериерот се истакнуваат дрвените облоги, меките тапацирани површини и дискретните метални детали, создавајќи впечаток на елеганција без претерување.

фото/wwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Посебен акцент е ставен на поврзаноста меѓу ентериерот и екстериерот. Големите стаклени ѕидови го отвораат внатрешниот салон кон морето, бришејќи ја границата меѓу затворениот и отворениот простор. На тој начин дневниот престој буквално се продолжува кон надворешноста, претворајќи ја палубата во продолжение на животниот простор, пишува Jutarnji.hr.

фото/twwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Еден од најатрактивните делови на јахтата е горната тераса, таканаречениот сандек (sundeck-тераса за сончање), кој функционира како дневен престој на отворено. Таму се наоѓаат зони за одмор со лежалки, простор за јадење, но и џакузи, што дополнително го нагласува чувството на ексклузивност. Овој дел од пловилото е осмислен за целодневен престој – од утринско кафе до вечерно опуштање со зајдисонцето.

Славниот пар со „Лејди Би“ доплови до Опатија. Дека пристигнале со стил потврдија и од познат ресторан и хотел, кои на својот профил на Инстаграм објавија фотографии од насмеаните сопружници како позираат на опатиското шеталиште.

 

Нивното пристигнување во Опатија не е исклучиво туристичко, туку претставуваше и совршена увертира за работниот викенд.

Инаку, Брена и Боба одамна се познати по вложувањата во луксуз, а својата страст кон патувањата по море сега ја крунисаа со новата јахта. Ова раскошно дополнување на нивниот имот доаѓа кратко откако успешно ја продадоа својата вила во Мајами, уште еднаш потврдувајќи дека имаат одлично чувство за престижни инвестиции.

Слични објави

(Видео) Објавени лекарските наоди на Ава Карабатиќ — лекарите констатирале повеќекратни повреди

E.A.

Еве со што се занимаваат сестрите Родиќ: Едната е дипломирана правничка, другата била успешна кошаркарка, а третата гради приватен бизнис

Еспресо

Необична просидба: Немал пари да купи веренички прстен, па ја запросил со маче

Еспресо

Сенида објави песна на шпански јазик — како ви звучи „Amor“?

E.A.

Црвен, син или бел? Кој фустан ѝ стои најдобро на Елена Велевска?

Еспресо

(Фото) Македонската мисица Ева Величковска е вистинска убавица во раскошна креација на Мис на светот

Еспресо
Се вчитува....