7.8 C
Скопје
01:44 - 2 октомври, 2026

(ФОТО) ПАРЧЕ ИСТОРИЈА: Последниот концертен фустан на Ејми Вајнхаус продаден на аукција за огромна сума!

Фустанот што пејачката Ејми Вајнхаус го носеше за нејзиниот последен настап, беше продаден во неделата за 243.200 долари, 16 пати повеќе од проценетата вредност од 15.000 долари.

ејми вајнхаус
фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Вајнхаус на последниот концерт во Белград во 2011 година носеше зелено-црн  фустан со принт од бамбуси. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од акутно труење со алкохол на 27-годишна возраст.  Нејзината смрт беше кулминација на долгата и често многу јавна борба со алкохолот и дрогата.

ејми вајнхаус
фото: EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Фустанот беше врв на колекцијата од 800 артикли на лични предмети, почнувајќи од градници и ДВД-а до книги и шминка што ги продаваа родителите на Вајнхаус, Мич и Џенис. Целата колекција донесе 4 милиони долари, двојно повеќе од првичните прогнози, според аукциската куќа „Julien’s“, која управува со продажбата.

Последниот концертен фустан на Ејми Вајнхаус беше дизајниран од Наоми Пари. Двојката соработуваше на колекција од 11 облеки за претстојна европска турнеја на Ејми. Но, таа ноќ во јуни 2011 година Ејми вознемирена ја напушти сцената. Поради тоа нејзината турнеја беше откажана, а убавите комбинации речиси и не беа облечени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Geoffrey Dicker (@according2g)

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....