15:04 - 6 април, 2026

(Фото) Ова е свекорот на Сара Мејс, снаата гордо објави слика со таткото на Димитар со посебна посвета

При крајот на 2021 година, почина мајката на водителот Димитар Атанасовски, по кратко боледување. Неговата сопруга, харфистката и пејачка Сара Мејс тогаш на социјалните мрежи се прости од неа со зборовите: Сукле, многу ќе ни фалиш.

„Мајка ми на многу чуден начин, многу брзо си замина од овој свет, затоа што и беше дијагностициран канцер во јули а во декември веќе почина. За мене тоа беше некако многу брзо, и многу се развиваше брзо, ама мајка ми ме научи, што и да се случува, животот оди понатаму.

Мајка ми дента ја погребавме поладнето отидов на емисија на радио. Затоа што знам дека тоа е нешто кое мајка ми би го сакала.

Не би сакала да отидам дома и да плачам 40 дена и да кажувам колку ми е тешко и да им се јавувам на луѓе. Да мајка е, нема како да не ти е тешко ама мора да се собереш и да сфатиш дека шоуто мора да продолжи“, реле во една прилика Димитар во шоуто на Давид Давидовски.

На новата објава, Сара Мејс објавила слика од неа и од сопругот Димитар, но со нив е неговиот татко, свекорот на Сара. Гордата снаа на сликата е многу среќна и насмеана, и до сликата напишала едноставна, но важна посвета: „Ах, Атанасовци, јуниор и сениор.“

А на сликата се гледа дека Димитар многу личи на својот татко, кој е вистински господин со стил.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....