8.8 C
Скопје
19:48 - 29 март, 2026

(Фото) Ова е мајката на Миро Кацаров, водителот раскажа емотивна приказна за неа

Мирослав Кацаров е еден од највпечатливите Тв ликови кај нас. Неговата кариера почна во „Бекстејџ“ а потоа продолжи со емисијата „Голден карпет“ со интересни гости, игри и провокации.

Во 2023 година, тој во Рим на романтичен начин ја побара својата сакана Ивана Зафировска за жена. Миро за „Еспресо” тогаш рече дека претходно го испланирал целото патување како изненадување за Ивана, која е одбојкарка.

„Ја побарав Ивана за жена во еден ресторан на плоштадот Пантеон, додека виолинистот свиреше позната италијанска љубовна песна.  Беше многу романтично и авангардно” , раскажа тогаш водителот. Потоа, целата естрада беше на нивната свадба.

Миро ја побара Ивана за жена во Рим во јуни во 2023 Фото/Фејсбук

Неодамна, Миро објави дека тој и Ивана наскоро ќе станат родители и се пресреќни поради таа вест, а особено малата Миа, ќерката на Ивана од првиот брак која водителот ја сака како своја.

Кацаров објави ретка семејна слика со своите најмили, а неа се и негвоите родители и сопругата. Поводот е убав, роденден на неговата мајка за која упати емотивна порака. „Бох не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките. Среќен роденден мамо. Многу те сакаме сите“, напиша Кацаров.

Инаку, тој неодамна на социјалните мрежи објави дека наскоро ќе знае далин продолжува неговата емисија „Голден карпет“ на „Канал 5“, и воопшто каде ќе продолжи неговиот телевизиски ангажман.

Мирослав Кацаров со семејството Фото: Фејсбук принтскрин

 

Слични објави

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо
Се вчитува....