23:56 - 7 ноември, 2026

(Фото) Огнен Јанески во невидено издание, никој не може да го познае

Во вакво издание ретко кој ќе го препознае новинарот Огнен Јанески кој објави една многу необична фотографија од себе на Фејсбук. За што станува збор, тој детално објасни.
– Најкратката улица во Белград… Кога првпат бев во Белград (2005), и во живо го запознав (сега веќе не е меѓу нас) вујко ми и на мајка ми прв братучед – Ненад Којадиновиќ – Која, фоторепортер, ме шеташе низ градот и ми покажуваше работи коишто туристите не ги посетуваат. Јас се заљубив во таквиот туристички пристап, па го применувам сè уште и денес.
Меѓу тогашните негови идеи за тура беше и улицата ,,Весларска”, во Земун, што тогаш ми кажа дека е најкратката улица во Белград, сè уште обележана низ која може да мине автомобил.
Денеска (2025), после неколку обиди низ годините за да се сетам каде точно беше улицата, сосема случајно минувајќи крај неа, се сетив на ѕидовите и ја здогледав таблата.
Возбудливо ѝ раскажував на другарка ми за ова сеќавање, како што секогаш ги заморувам блиските со несекојдневни информации.

Меѓу тие информации (истражено денеска) е и дека улицата е долга 36 метри. 2005 VS. 2025 – и двете во декември, освен на улицата, има и некоја промена кај мене – напиша Огнен на Фејсбук споделувајќи понова и постара фотографија од себе на која ретко кој би го препознал.

Фото / Фејсбук

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....