11.8 C
Скопје
16:07 - 30 март, 2026

(Фото) Од Америка се огласи Франц од „Нокаут“, еве што прави сега

По долго време, се огласи Владимир Крстевски-Франц од „Нокаут“, музичарот кој долги години живее во Америка.

Франц на неговиот фејсбук-профил ја смени профилната слика на која се гледа дека музичарот не се сменил многу од времето кога живееше во Македонија и кога беше член на „Нокаут“.

Миленикот на женската публика не ја сменил ни својата професија, тој уште свори гитара и настапува. Франц претходно објави уште една неговата фотографија, од новогодишен настап.

-Беше многу забавно да се свири во улогата на Рони Вуд со „Американ Стоунс“ ,трибјут бенд на „Ролинг Стоунс“, напиша на инстаграм Франц.

Фото / Фејсбук

Во 2019 година, Франц на фејсбук објави дека на 1 јуни, неговата сопруга Ема се породила. Тој доби ќерка на која ѝ го дадоа името Мелоди.

Музичарот и неговата сопруга станаа родители на уште една ќерка на 31 јули во 2020 година.  На својот фејсбук-профил, Франц објави дека неговата сопруга Ема ја родила ќерката Мона.

– Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние- напиша поранешниот гитарист на групата „Нокаут“, кој со семејството 11 години години живее во Лос Анџелес.

Франц со сопругата Ема и со ќерките Мелоди и Мона Фото / Инстаграм

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....