20:53 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) НОВА МИС УНИВЕРЗУМ: Прекрасната Индијка, зад себе остави 79 убавици

Се одржа 70. светски избор за убавина, а титулата Мис Универзум за 2021 година ја понесе Харназ Санду (21), Мис на Индија.

Индијката зад себе остави 79 убавици, а титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај Надја Фереира. Втората придружничка е Мис Јужна Африка Лалеу Мсване. Во првите 16 влегоа претставничките од Јужна Африка, Венецуела, Парагвај, Америка, Филипините, Аруба, Индија, Велика Британија, Виетнам, Јапонија, Бахамите, Порторико, Панама, Сингапур, Колумбија и Франција.

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Минатогодишната победничка Андреа Меза ѝ ја додели круната на новата Мис Универзум пред Санду да прошета по пистата во Израел.

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Дваесет и една годишната убавица е силна поборничка за зајакнување на позицијата на жените во светот, а признала дека нејзин одличен модел е познатата актерка Пријанка Чопра. Санду се занимава и со глума, а слободното време сака да го поминува вежбајќи јога, танцување, готвење, јавање и играње шах, пишува „Пипл“.

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

 

Санду беше главна фаворитка на обложувалниците за титулата Мис Универзум. Таа е веќе добро позната во светот на манекенството бидејќи е последната победничка на LIVA Miss Diva, а се круниса и си титулата Мис на Индија, која е една од најпрестижните награди. Индија последен пат победи на изборот за Мис Универзум во 1994 година благодарение на Сушмити Сен.

Инаку, oвој натпревар беше историски, бидејќи за првпат се натпреваруваше претставничка на Обединетите Арапски Емирати и за првпат по повеќе од четири децении, Мис Мароко се врати во натпреварот за изборот за Мис на светот.

Извор: Слободен Печат

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....