9.8 C
Скопје
18:02 - 30 март, 2026

(Фото) Неда Украден ја расплака Јована Јеремиќ: „Достоинството треба да се сочува, пред сè заради детето“

Водителката Јована Јеремиќ утрово за време на Утринската програма која се емитува „во живо“ се расплака.

Нејзина гостинка беше пејачката Неда Украден која отворено проговори за семејството, но и за приватни детали од животот, вклучително и за разводот.

Инаку, Неда била гостинка во емисијата пред се за да го најави претстојниот концерт што ќе се случува на 14 март во Белград.

Сепак, во еден момент се отворила за разводот и колку му помагала на сопругот и по завршувањето на бракот.

Оваа искреност на Неда, ја довела до солзи Јована Јеремиќ.

Принтскрин, Тв Пинк

-Достоинството треба да се сочува, пред се заради детето. Секогаш бев негов пријател, но и тој беше мој. Никогаш не би дозволила некој да каже лош збор против него. Јас најдобро знам кои се неговите маани. Тој беше многу добар човек, голем интелектуалец, за жал во светот на национализмот и примитивизмот… Не се снајде таму и страдаше поради тоа, но не сум јас виновна. Ја задржавме нашата почит еден кон друг. Подоцна во вториот брак доживеа траума, несреќен случај, падна во кома… 40 дена беше во кома. Му помогнав со сите средства. Сакав моето дете да си го има татка си, кого толку многу го сака, исто како што ја сака и тој неа – со треперлив глас изјави Неда.

„Ме расплакавте Неда, како така зборувате, секоја Ви чест…“ – рече Јована низ солзи, а Неда се надоврза.

– Еднаш родител, засекогаш родител. Еднаш пријател, засекогаш пријател.

 

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....