9.8 C
Скопје
08:26 - 28 септември, 2026

(Фото) Не ја кријат романсата: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон разменија нежности на Супербоул

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон ги разгореа гласините за романса откако се појавија заедно на Супербоул 2026 што се одржа синоќа. Во неделата, 8 февруари, парот, за кој во последно време многу се пишуваше на социјалните мрежи, беше виден како пристигнува заедно на најголемиот настан во НФЛ, објавија странските медиуми.

Камерите ги фатија Луис и Ким како го гледаат 60-тиот Супербоул заедно од ВИП ложата.

Кардашијан (45) и Хамилтон (41) беа фотографирани на големото платно додека уживаа во долгоочекуваниот натпревар помеѓу Њу Ингланд Патриотс и „Сиетл Сихокс на стадионот „Левис“ во Санта Клара, Калифорнија. Ким и Луис одлучија повеќе да не ја кријат својата романса, па се бакнаа во ВИП ложата.

Во сега веќе виралниот видеоклип, Ким и изгледале расположени и среќни, смешкајќи се еден на друг додека разговарале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MarianaPosada (@marianaposadam_)


Иако седеле во друштво на пријатели, нивната меѓусебна интеракција стана главна тема на социјалните мрежи. Видеоснимките што кружат на интернет ги прикажуваат како се смеат и шепотат еден на друг во текот на натпреварот, непосредно пред настапот на порториканската суперѕвезда Бед Бани на полувремето. Но, ова појавување доаѓа како шлаг на тортата по една недела исполнета со шпекулации за нивната врска.

Ова е нивно прво јавно појавување откако се појави веста дека познатиот британски спортист е во романтична врска со познатата американска старлета.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....