15:35 - 1 април, 2026

(Фото) Министерката Петровска ѝ подари букет нa пејачката со бисерен глас – Сузана Спасовска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝ испратила на фолк пејачката Сузана Спасовска порака со голем букет свежо цвеќе, откако пејачката пеела на концерт што се одржа во чест на славејот од Галичник Александар Сариевски.

„Почитувана госпоѓа Сузана Спасовска, ви честитам на преубавата изведба и се воодушевувам на вашиот бисерен глас. Вчерашниот концерт беше маестрален! Со огромна почит и восхит, Славјанка Петровска, пишува на пораката која пејачката Спасовска ја објави на Фејсбук. Вели дека била воодушевена од ваквиот гест на министерката за одбрана.

„Утрово, дојдов на работа, и се воодушевив од еден несекојдневен гест во ова денешно време. Цвеќе со посвета, рачно напишана од функционер (лично не се познаваме), кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни. Ви благодарам, почитувана г-ѓа Петровска. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раздори најважно е да си човек“, објави Спасовска на Фејсбук.

&;

 

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....